ДЕНЕСКА НАСТАПУВА ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ НА ЛОИ

Натурализираниот македонски борач во слободен стил (категорија до 97 кг) со дагестанско потекло, Магомедгаџи Нуров, е последниот македонски олимпиец што ќе настапи на Летните олимписките игри (ЛОИ) во Токио. Тој на стартот ќе се сретне со Тунижанецот Мохамед Садуи.
Борбите на Нуров се од 11 до 13.30 часот, односно околу 4.30 часот по македонско време), на душекот Ц. Полуфиналето, пак, е закажано од 18.15 до 19.15 часот по локално време.
– Среќен сум што ќе настапам и на ЛОИ во Токио, уште повеќе што ги бранам боите на Македонија. Се надевам дека во Токио ќе освојам медал и со тоа уште еднаш ќе ја израдувам македонската спортска јавност – изјави Нуров по обезбедувањето на А-олимписката норма.
Нуров е првиот македонски спортист што успеа да обезбеди А-олимписка норма на ЛОИ во Токио, а тоа му успеа со освоениот бронзен медал на Светското првенство (СП) во 2019 година, во Нур Сулатан (Казахстан). Последен кому му успеало тоа беше кајакарот Атанас Николовски на ЛОИ во Пекинг, во 2008 година.
Претходно на ЛОИ во Токио, таеквондистот Дејан Георгиевски постигна голем успех со освојувањето на сребрениот медал, што, пак, претставува вкупно 14-ти за македонските спортисти.