Шаховскиот клуб Алкалоид доминираше на екипните првенства за млади (возрасни категории до 10, 12, 16 и до 18 години), кои викендов се одржаа во скопското училиште „Јахија Кемал“. „Фармацевтите“ освоија четири екипни злата, во категориите до 10, 12, 16 и до 18 години и едно второ место (до 14 години), Во категоријата до 14 години прв беше Ласкер од Охрид.
Гамбит Асеко СЕЕ освои едно прво (до 8 години), три втори (до 10, 12 и до 16 години) и едно трето место (14 год.). Куманово, кој единствен имаше екипа во сите шест категории на првенството, освои едно второ (8 год.), две трети (16 и 18 год.) и три четврти места (10, 12 и 14 место), Центар освои три трети места (8, 10 и 12 год.), Прилеп едно второ (18 г.), едно четврто (до 8 год.) и едно шесто место (14 г.) и Карпош едно петто место (14 г.).
На екипното сениорско првенство за жени, во конкуренција на седум екипи, по четири одиграни кола (преостанатите три ќе се одиграат дополнително), води Гамбит Асеко СЕЕ со 8 екипни поени, а следуваат Алкалоид 7, Карпош 6, Кисела Вода 5, Куманово 4, Анпасан 2, Прилеп нула бодови.
Г.И.