КАЈАК – ЕП ЗА СЕНИОРИ НА МАТКА
На вториот ден од Европското првенство (ЕП) во кајак и кану што се одржува во Скопје на програмата беа натпреварувањата во екипна конкуренција. Во дисциплината кајак, кај мажите златото ѝ припадна на Словенија, пред Франција, која го освои среброто, додека бронзата ѝ припадна на Италија. Македонија го освои десеттото место со една минута и пет секунди послаб резултат од победникот. Кај кајакарките златниот медал ѝ припадна на Германија, втора заврши Франција, а трета Италија.
Во кану златото ѝ припадна на Франција, среброто на Германија, а бронзата на Чешка.
Во натпреварувањето на ветерани победи Давид Пјасковски од Германија, пред сонародникот Жил Каиле, а трет заврши Чехот Камил Мржек.
Вчера според распоредот беа првите трки во спринт во сите конкуренции. Г.И.