На две кола до крајот македонскиот шахист е на 32-то место, со 3,5 поени
СП 2025 ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ ШАХИСТИ
Македонскиот претставник на Светското сениорско првенство (СП) во шах за слепи и слабовидни шахисти, 16-годишниот Стефан Мелник (1.979 рејтинг-поени, 39-ти пред почетокот на СП) по седмото коло напредуваше за осум места и моментално е на 32-то место со 3,5 поена (две победи, три ремија и два пораза).
На СП, кое се одржува во Жежов (Полска), настапуваат вкупно 58 шахисти (еден ВМ, четири ИМ и два КМ) од 22 држави, Мелник во седмото коло со црни фигури беше поуспешен од домашниот претставник Пјотр Кулпински (1.827, рангиран на 37-то место), што претставуваше негов втор цел поен, нови 17,2 рејтинг-поени со играчки перформанс од 1.839 рејтинг-поени. Во вчерашното седмо коло, Мелник водејќи ги белите фигури за противник го имаше Индиецот Јоши Арјан (1968, рангиран 20-ти).
На две кола до крајот, и понатаму со шест поени води Шпанецот Даниел Едуардо Пулвет Марин (2.483, рангиран втор пред почетокот на СП), а втор е првиот фаворит и единствен ВМ на ова СП, Полјакот Марчин Тазбир (2.529, рангиран прв) со 5,5 поени. Во ова коло нивниот меѓусебен дуел на првата табла заврши без победник. Трет е ИМ од Црна Гора, Предраг Никац (2.241, рангиран петти), кој по победата во ова коло остана на третата позиција, но сега со ист број поени како и второпласираниот Тазбир. Г.И.