Фото: „Нова Македонија“

ЕКИПНО СП ВО БРЗ ШАХ

Алиреза Фирузја, Хикару Накамура и Максим Вашер-Леграв беа меѓу шаховските ѕвезди во екипата на ВР Чес, која го освои екипното Светско првенство (СП) во брз шах, втора година во низа. Казчес на ВМ Александар Гришчук го освои среброто, а екипата на Нехаминд на ВМ Левон Аронијан бронзениот медал. ВР Чес од осум одиграни мини-натпревари победи на седум, со два или повеќе поени разлика, дозволувајќи само едно реми (3-3) со Нехаминд во полуфиналето. Во тимот настапија шест од првите 11 шахисти на светската ранг-листа во брз шах во живо (Накамура, Фирузија, Јан Непомнијашчи, Весли Со, Јан Кшиштоф-Дуда и Вашер-Леграв), а другите врвни тимови на СП 2025 што се играше во Лондон (Велика Британија) немаа ниту еден. Се играше со темпо за размислување од три минути, плус две секунди по секој потег, а Мундијалот прво се играше со групна фаза, пред првите 16 тима да продолжат по нокаут-систем, каде што секој дуел вклучуваше два мини-натпревари. Г.И.