Фото: Архива на ШК Алкалоид

Ма­ке­дон­ски­от прет­став­ник Ма­ке­до­ни­ја Ал­ка­ло­ид (2.436 реј­тинг-по­е­ни, ран­ги­ра­на четвр­та пред по­че­то­кот на пр­венс­тво­то) синоќа за­бе­ле­жа зна­чај­на по­бе­да со 2,5-1,5 на ду­е­лот со Ка­на­да (2.122, ран­ги­ра­на 12-та) во ос­мо­то прет­пос­лед­но ко­ло на Свет­ско­то пр­венс­тво (СП) во шах за ве­те­ра­ни во Стру­га, во ка­те­го­ри­ја­та над 50 го­ди­ни. Денеска пак, се игра­ ре­ша­вач­ко­то ко­ло во тр­ка­та за ме­да­ли (Ма­ке­до­ни­ја Ал­ка­ло­ид игра­ со трета­та еки­па на Анг­ли­ја (2.115, ран­ги­ра­на 13-та), за што и бро­јот на осво­ени по­е­ни по таб­ли игра­ зна­чај­на уло­га. На ме­чот со Ка­на­да ВМ Трај­ко Не­дев (2.122) на вто­ра­та табла со цр­ни фи­гу­ри го по­бе­ди ВМ Мајкл Ба­рон (2.108), а ВМ Ки­рил Ге­ор­ги­ев, ВМ Звон­ко Ста­но­јо­ски и ВМ Ро­лан­до Ку­ти­ров ре­ми­зи­раа.

– Ја добивме екипата на Канада со 2,5-1,5 одејќи со сигурна игра, три ремија и една победа. Очекувавме повеќе, но на победата не ѝ се гледа в заби. Денеска играме со третата селекција на Англија и со нова победа ќе го одржиме местото на кое сме сега на табелата. Имаме добра тимска атмосфера и во одлично расположение го чекаме последниот меч – изјави пред почетокот на последното коло капитенот на Алкалоид, ВМ Драган Јаќимовиќ.

Еки­па­та на Ма­ке­до­ни­ја, сле­пи и сла­бо­вид­ни ша­хи­сти (1.818, ран­ги­ра­на 20-та), ја забеле­жа пр­ва­та по­бе­да во осмото коло, и тоа со ма­кси­мал­ни 4-0 про­тив Швед­ска (1.965, ран­ги­ра­на 16-та). Жар­ко Сел­ков­ски, Зо­ран Ко­ста­ди­нов­ски, Сан­де Ата­на­сов и Бла­же Ата­на­сов­ски по­бед­нич­ки ја на­пу­шти­ја ша­хов­ска­та аре­на. Во оваа ка­те­го­ри­ја жен­ска­та еки­па на Ма­ке­до­ни­ја (1.373, ран­ги­ра­ни 22.) за­гу­би со 0,5-3.5 од жен­ска­та еки­па на Анг­ли­ја (2.060, ран­ги­ра­на 14-та). Единс­тве­но на пр­ва­та таб­ла со цр­ни фи­гу­ри при­мир­је пот­пи­ша Ма­ре Кр­стев­ска (1.598) во пар­ти­ја­та со ЖВМ Шеј­ла Џе­ксон (2.034), што претста­ву­ва ус­пех.

На ова СП, но во ка­те­го­ри­ја­та над 65 го­ди­ни, еки­па­та на Ма­ке­до­ни­ја (2002, ран­ги­ра­на 18-та) во осмото коло е поразена со 1-3 од Анг­ли­ја Сте­ир­марк (2.053, ран­ги­ра­на 13-та). Ре­ми­зи­раа ФМ Љу­бо­мир Илиќ и Ми­ле Трај­ков­ски, а за­гу­би­ја ФМ Але­ксан­дар Кралев­ски и Или­ја Сто­шев­ски.

Та­бе­ла, ка­те­го­ри­ја над 50 го­ди­ни: САД 13 бо­да (22 по­е­ни по таб­ли), Ита­ли­ја 13 (21,5), Ис­ланд 12 (21,5), Анг­ли­ја 1 12 (20,5), Ал­ка­ло­ид 10 (18,5)… 19-та е Ма­ке­до­ни­ја, сле­пи и сла­бо­вид­ни ша­хи­сти со шест (10,5), 22. Ма­ке­до­ни­ја же­ни, еден бод (5,5 по таб­ли).
Та­бе­ла, ка­те­го­ри­ја над 65 го­ди­ни: Гер­ма­ни­ја Ла­скер Шах­шти­фунг 16 бо­да (23,5 по табли), Ав­стри­ја 1 14 (22), Анг­ли­ја 1 12 (19), Гер­ма­ни­ја (18,5), Фран­ци­ја (18) и Швајца­ри­ја (16) по 10… 15-та е Ма­ке­до­ни­ја, се­дум (15,5) итн. Г.И.