Претставувајќи четири континенти, четворица врвни шахисти, Магнус Карлсен, Хикару Накамура, Вишванатан Ананд и Басем Амин, ќе играат мечеви во забрзан шах со еднакви почетни позиции инспирирани од историски големи натпревари, кои ќе се откриваат пред секој натпревар, пишува ФИДЕ
ФИДЕ
Шаховскиот свет чекореше долг пат, еволуирајќи од безвременската брилијантност на минатите мајстори до динамичниот пејзаж на модерната игра, преполна со технологија, онлајн натпревари, варијации и прецизна подготовка за отворање, а во оваа дигитална ера, некои мечеви се одвиваат беспрекорно, нивните потези одредени однапред, оставајќи малку простор за креативност на таблата и за да се инспирира духот на независната мисла и стратегиската креативност, во Казабланка ќе се игра турнир со иновативната „Шаховска варијанта Казабланка“, пишува Светската шаховска федерација (ФИДЕ).
Почетните позиции се поинакви од стандардните, мечот почнува од еднакви позиции инспирирани од историски големи натпревари. Дали денешните велемајстори ќе тргнат по добро изгазените патишта на нивните претходници или ќе изберат нов правец, пишува ФИДЕ. Изненадувачките стартни позиции ќе се откриваат пред секој натпревар. Турнирот во Мароко е предвидено да се игра на 18 и 19 мај.
Претставувајќи четири континенти, четворица врвни шахисти ќе играат мечеви во забрзан шах. Магнус Карлсен, нашироко сметан за најсилниот шахист на сите времиња, поранешен светски шампион во шах и сегашен светски број 1, ја претставува Европа; Хикару Накамура, стриминг-сензација со милиони посветени следбеници, светскиот играч број три, ги брани боите на Северна Америка; Вишванатан Ананд, легендарниот петкратен светски шампион во шах, водечкиот индиски шахист, ја претставува Азија; Басем Амин, најсилниот велемајстор во Африка, многукратен континентален шампион, игра на домашен терен, пишува ФИДЕ.
Турнирот во Казабланка се одржува заедно со прославата на ФИДЕ, откако Светската шаховска федерација одбележува еден век од нејзиното основање. Н.М.