АЛПСКО СКИЈАЊЕ
Низ дожд, снег, лапавица и магла, Петра Влхова (Словачка) блесна во Куршевел во четвртокот вечерта, откако победи во нова трка од нејзиното епско ривалство во слалом со Микаела Шифрин (САД), во Светскиот куп во алпско скијање, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС). Влхова во второто возење го дополни дефицитот во првото возење во однос на Шифрин, победувајќи со 24 стотинки предност пред Американката, а другите скијачки ја минаа патеката повеќе од две секунди побавно од победничкото време.
Тоа е 30-та победа на Влхова во Светскиот куп и нејзина 21. во слалом, израмнувајќи се со Ерика Хес (Швајцарија) на четвртото место на листата со вкупно победи во слалом, зад Шифрин (55), Марлис Шилд (Австрија, 35) и Френи Шнајдер (Швајцарија, 34), пишува ФИС.
Влхова и Шифрин победија во по два од четирите слалома сезонава. Ова е и 23-ти пат Влхова и Шифрин да бидат на првите две места во слаломска трка од Светскиот куп, при што Влхова сега има 10 победи. Н.М.