ФОРМУЛА 1

Раководството на Формула 1 (Ф1) го објави распоредот на рекордниот број од 24 трки за 2024 година. Трката во Кина (во април), која неколку години беше откажана поради ковид-19, повторно ќе се вози. Формула 1 јасно ја покажа својата намера да се придвижи кон поголема календарска регионализација, намалувајќи ги логистичките оптоварувања и правејќи ја сезоната поодржлива, пишува Ф1. Следната сезона ќе почне на 2 март во Бахреин, а последната трка во 2024 година е закажана за 8 декември во Абу Даби. Г.И.