КИКБОКС – СП ЗА КАДЕТИ И ЗА ЈУНИОРИ

Македонскиот јуниорски репрезентативец Нелсон Узеир (категорија до 89 кг), се пласира во финалето на Светското кикбокс-првенство (СП) за кадети и за јуниори во Италија. Тој во полуфиналната борба го победи домашниот натпреварувач Франческо Криваро, со 3-0. Узеир во борбата за златниот медал во дисциплината киклајт ќе се сретне со Самед Агдеве од Турција. Во финалната борба, пак, не се пласира македонската јуниорка Јадранка Темелковска (до 56 кг). Таа во дисциплината лоукик, по победата над Николе Буљан од Хрватска, со 3-0, во полуфиналето загуби со 0-3 од Канита Муминовиќ од БиХ. Г.И.