Успешни настапи на Илинден и на Бравадос

КОЊИЧКИ СПОРТ – ТУРНИР ВО НОВИ САД

Македонските натпреварувачи од скопските коњички клубови, Илинден и Бравадос, остварија забележителни резултати на меѓународниот коњички турнир во прескокнување пречки, кој се одржа во Нови Сад (Србија), освојувајќи вкупно три први места и едно второ.
Петар Милошевски од клубот Бравадос со грлото „Надја“ освои две први места во категоријата јуниори, а Силја Дуковска од клубот Илинден со грлото „Најтингел“ победи во категоријата деца. Меланија Атанасовска, пак, од клубот Илинден, со грлото „Фарам“ ја освои втората позиција во категоријата јуниорки. Цветанка Георгиев од клубот Бравадос со грлото „Чарли“ успешно заврши два паркура во категоријата Амазонки, а Горјан Атанасовски од КК Илинден, исто така, имаше два успешно завршени паркура, но во категоријата Дебитанти. Г.И.