Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во Сребрената европска лига за жени првото место го освои Естонија

ОДБОЈКА – ЗЛАТНА ЕВРОПСКА ЛИГА

Машката одбојкарска репрезентација на Турција триумфира на годинашната Златна европска лига, откако во финалето на фајналфор-турнирот во Задар (Хрватска), по голема и неизвесна борба, ја совлада со 3-2 (14-25, 25-22, 26-24, 22-25, 15-6) Украина, која до ова финале имаше загубено само еден сет.
Турција избори настап во Лигата на нациите в година. Третото место го освои домаќинот Хрватска, која ја победи Чешка со 3-0 (25-23, 25-18, 25-20). Претходно, во полуфиналните дуели, Турција ја совлада Чешка со 3-2, а Украина беше подобра од Хрватска со 3-1.
Македонија не се пласира на турнирот во Задар, откако во својата група Б го освои четвртото место со две победи (над Белгија и над Хрватска) и четири порази (од Белгија, Хрватска и два од Украина).
Во Сребрената европска лига за жени, пак, каде што дебитираа и Македонките, првото место во завршницата одиграна во Грац (Австрија) го освои Естонија, која по голема борба ја победи Австрија со 3-2 (31-33, 25-11, 13-25, 25-12, 15-12), а трета е Португалија, која славеше над Црна Гора со 3-1 (23-25, 25-21, 25-20, 25-23). Г.И.