АТЛЕТИКА – НА ПОЛУМАРАТОНОТ ВО ГРЦИЈА

Најдобрата македонска атлетичарка на долги патеки, Адријана Поп Арсова, постигна голем успех викендов, освојувајќи го првото место на полумаратонска трка што се одржа во Трикала, Грција, со што ја потврди одличната форма во која се наоѓа.
Поп Арсова, освен што беше најдобра, таа постави нов рекорд на патеката, но и нов македонски рекорд во полумаратон, постигнувајќи време од 1:13:39 час.
Второто место го освои Елефтериа Петроулаки (1:18:11), а третото Константинопоулу Василики (1:18:38). Г.И.