СП ЗА ЈУНИОРИ, 9-ТО КОЛО

Со второто реми во деветтото коло на поединечното Светско првенство (СП) во шах за јуниори (до 14, 16 и до 18 години) во Монтесилвано (Италија), Теодор Јовановски (2.140 рејтинг-поени), во категоријата до 18 години, засега со пет поени (54-то место) е најуспешниот македонски репрезентативец, а кај репрезентативките Инџи Ајрадиноска во категоријата до 18 години, со 3,5 поени (66-то место). Во ова коло четвртата победа во истата возрасна категорија ја впиша и Стојан Велкоски (1.985), како и Никола Бошковски (1.635). Половина поен освои уште Јована Давиткова (1.322) до 16 години. Преостанатите четворица, Антон Златков (2.220), Малакај Насков (1.324), двајцата во категоријата до 16 години, Ивана Велкоска (1.157) до 14 години и Инџи Ајрадиноска (до 16 години) ги загубија партиите.
На две кола до крајот на СП 2023, Јовановски е 54-ти, Велковски е 94-ти (четири поени), Златков 61-ви (4,5), Бошковски 95-ти (четири), Насков 258-ми (три), Ајрадиноска 66-та (3,5), Давиткова 81-ва (3,5) и Велкоска 109-та (три). Од досега одиграните 72 партии, македонските претставници во оваа силна конкуренција освоија вкупно 30,5 поени (42,3 отсто) или 26 победи (36,1), девет ремија (12,5) и 37 порази (51.3). На СП 2023 играат вкупно 766 учесници во сите категории (450 момчиња и 316 девојчиња) од 92 држави. Г.И.