ШАХ
Поранешниот светски првак Магнус Карлсен (2.830 рејтинг-поени) ја освои третата титула во низа на Турнејата на шампионите на шаховскиот сајт „Чес“, вредна два милиони долари. Норвешката шаховска суперѕвезда го победи американскиот велемајстор (ВМ) Весли Со со 2,5-1,5, во финалето што се одигра во Торонто (Канада).
Велемајсторот Карлсен победи на три од шесте турнири во текот на едногодишното натпреварување, а првото место на само еден турнир беше доволно за да се квалификува во големото финале. Добивајќи ја паричната награда од 200.000 долари, Карлсен и понатаму е единствената личност што ја освои досега шаховската турнеја на шампионите, која се игра од 2021 година.
Тој и во двата натпреварувачки дена (дуелите се играа со темпо од 15 минути, плус три секунди по секој потег) славеше со 2,5-1,5. Со играше со 96,43 отсто точност првиот ден, Карлсен беше речиси совршен, со 98,1 отсто. Карлсен во полуфиналето го победи американскиот ВМ Фабијано Каруана со 3-2 и 3-2, а Со беше подобар од ВМ од Узбекистан, Нодирбек Абдусаторов со 1,5-2,5, 2,5-1,5 и 2-1. Г.И.