Фото: ЕПА

Кобајаши претходно славеше во 2019 г., кога победи на сите четири натпревари, и во 2022 г., а годинава го освои трофејот без ниту една поединечна победа, како рекордерот Ахонен во 1999 година

СКИЈАЧКИ СКОКОВИ – НОВОГОДИШНА ТУРНЕЈА

Јапонецот Рјоју Кобајаши е победник на 72. новогодишна турнеја Четири скокалници во скијачки скокови и тоа е третпат како го освојува трофејот во ова натпреварување. Тој освои најмногу поени на четирите настапи (Оберсдорф и Гармиш-Партенкирхен во Германија и Инсбрук и Бишофсхофен во Австрија), без ниту една поединечна победа (четири пати беше втор).
Претходниот пат кога еден скијач скокач беше победник на Четирите скокалници без ниту еден триумф се случи во 1999 година, кога победи Финецот Јане Ахонен, кој е и рекордер со пет пехари освоени на новогодишната турнеја. Повеќе од две победи на Четирите скокалници имаат и Јенс Вајфслог (четири), Хелмут Рекагел, Бјорн Виркола, Камил Стох и Кобајаши (сите по три). Од нив само Виркола славел трипати во низа. Кобајаши беше победник и во 2019 г., кога победи на сите четири натпревари, и во 2022 година.
На четвртиот натпревар сезонава, во Бишофсхофен, победи Австриецот Стефан Крафт, кој вкупно е трет на новогодишната турнеја. За водечкиот сезонава во Светскиот куп (СК) тоа беше шеста победа (од 12 натпревари вкупно досега сезонава), по што има 909 бода. Втор во СК, со 697 бода, е Германецот Андреас Велингер, кој беше втор и на Четирите скокалници, а трет во СК е Кобајаши со 591 бод. Н.М.


НАЈМНОГУ ТРИУМФИ НА НОВОГОДИШНАТА ТУРНЕЈА

ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ПОБ. ГОДИНИ
Јане Ахонен 5 1999, 2003, 2005, 2006, 2008
Јенс Вајсфлог 4 1984, 1985, 1991, 1996
Хелмут Рекнагел 3 1958, 1959, 1961
Бјорн Виркола 3 1967, 1968, 1969
Камил Стох 3 2017, 2018, 2021
Рјоју Кобајаши 3 2019, 2022, 2024