ШАХ – ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО
ЗА ЖЕНИ
Титулата за Фаталијева
Македонската шахистка и членка на ШК Алкалоид, женскиот ФИДЕ-мајстор (ЖФМ) Моника Стојковска (2.057 рејтинг-поени, рангирана на 122-то место пред почетокот на турнирот), го освои 164-то место на 24. Европско првенство (ЕП) за жени, на Родос (Грција), најмасовно досега. Стојковска по 10 кола освои три поени, со играчки перформанс од 1.962 рејтинг-поени. Во мошне силна конкуренција меѓу 182 шахистки од 35 држави (осум ВМ, 24 ЖВМ, 31 ИМ, 26 ЖИМ, седум ФМ и 35 ЖФМ), меѓу кои шест поранешни европски првенки, нова европска шампионка стана ИМ од Азербејџан, Уливија Фаталијева (2.377, рангирана 24-та), со 8,5 поени (седум победи и три ремија), освоени нови 21,6 рејтинг-поен, со играчки перформанс од 2.564 р.п., и парична награда од 10.000 евра. Второто место ѝ припадна на ИМ од Украина, Наталија Букса (2.394, рангирана 16-та), со 7,5 поени и играчки перформанс од 2.441 р.п. Бронзата ја освои ВМ од Грузија, Лела Јавакхишвили (2.447, рангирана шеста), исто така со 7,5 поени, но со послаб дополнителен критериум и играчки перформанс од 2.509 р.п. Прворангираната на ЕП, ИМ од Украина, Јулија Осмак (2.459), го освои 12-то место со седум поени. Вкупниот награден фонд изнесуваше 60.000 евра, за првпат се играа 10 кола, а најмалку 10 шахистки се квалификуваат за следниот Светски куп (СК) за жени (ФИДЕ). Г.И.
РАКОМЕТ – ЛИГА ЕВРОПА
Одново три германски екипи на фајналфорот
По одигрувањето на возвратните дуели, три германски екипи, Фуксе Берлин, Левен и Фленсбург, како и една од Романија, Динамо Букурешт, се учесници на завршниот фајналфор во ракометна Лига на Европа (ЛЕ). Минатата година имаше два бундеслигаша, а последен пат кога учествуваа три германски екипи беше сезоната 2020/2021, кога играа Фуксе Берлин, Магдебург и Левен, а шампионскиот пехар го подигна Магдебург.
Фуксе Берлин направи подвиг по ремито на свој терен, остварувајќи победа на гости со 37-30 против француски Нант. Левен доживеа минимален пораз со 28-29 од португалски Спортинг во Лисабон, но излезе како севкупен победник поради двата гола предност пред своите навивачи на првиот меч.
Фленсбург неочекувано загуби со 28-29 во реваншот на свој терен од шведски Савехоф со 28-29, но поранешниот европски првак славеше на првиот дуел со 11 гола разлика, што беше и повеќе од доволно за пласман на претстојниот фајналфор. Динамо Букурешт, кому ова му дебитантски настап на едно фајналфор-натпреварување, на реванш-мечот на гости го изненади дански Скјерн, славејќи со 34-38, благодарејќи на одлично одиграното второ полувреме. Титулата од 2023 година во ЛЕ ја брани Фуксе Берлин. Г.И.