Фото: Маја Јаневска-Илиева

ШАХ – ТУРНИР НА КАНДИДАТИТЕ

Хет-трик на Накамура за приклучок на врвот

Аме­ри­ка­не­цот Хи­ка­ру На­ка­му­ра по­стиг­на хет-трик на Тур­ни­рот на кан­ди­да­ти­те, кој се игра во То­рон­то во 14 ко­ла, и им се прик­лу­чи на во­деч­ки­те, Ру­си­нот Јан Не­пом­ни­јаш­чи и Ин­ди­е­цот До­ма­ра­ју Гу­кеш, си­те со по 7,5 по­е­ни. На­ка­му­ра во 12. ко­ло го по­бе­ди Али­ре­за Фи­руз­ја, а Гу­кеш го сов­ла­да Ни­јат Аба­сов. До­то­гаш во­деч­ки­от Не­пом­ни­јаш­чи ре­ми­зи­ра со Праг­на­нан­да Ра­меш­ба­бу, а Фа­би­ја­но Ка­ру­а­на го по­бе­ди Гу­јра­ти Ви­дит. На две ко­ла до кра­јот Ка­ру­а­на е че­твр­ти со се­дум по­е­ни, Прагнананда шест, Видит пет, Фирузја 4,5, а Аба­сов три.
Кај же­ни­те, Ки­не­зин­ка­та Тан Жонг­ји и по­на­та­му во­ди отка­ко ре­ми­зи­ра со Нур­ѓул Са­ли­мо­ва, а Тинг­џие Леи со Ка­те­ри­на Лаг­но. По че­ти­ри по­ра­зи, Ин­диј­ка­та Ва­и­ша­ли Ра­меш­ба­бу по трет­пат во ни­за освои цел по­ен, овој пат про­тив Ана Му­зи­чук. Але­ксан­дра Гор­јач­ки­на ре­ми­зи­ра со Хим­пи Ко­не­ру. Во­ди Тан со 8 по­е­ни, Леи има 7,5, Лаг­но и Ко­не­ту по шест, Ва­и­ша­ли 5,5, Са­ли­мо­ва и Му­зи­чук по 4,5. Г.И.


ФУДБАЛ – АНГЛИЈА

Се укинуваат зимските паузи и репризите во ФА-купот

Ре­при­зи­те во анг­ли­ски­от фуд­бал­ски ФА-куп, по не­ре­шен ре­зул­тат, ќе би­дат уки­на­ти од пр­во­то ко­ло од ид­на­та се­зо­на, а си­те ко­ла ќе се игра­ат и за вре­ме на ви­кен­ди­те, пи­шу­ва „Би-би-си“. Пре­ми­ер-ли­га­та исто та­ка ја уки­на па­у­за­та на по­ло­ви­на од се­зо­на­та. Нат­пре­ва­ри­те ќе поч­нат во сре­ди­на­та на август, а од­лу­ка­та до­а­ѓа од „струч­ни со­ве­ти од ме­ди­цин­ски­те и тех­нич­ки­те од­де­ли“, пи­шу­ва „Би-би-си“. Во сво­јот се­га­шен фор­мат, ФА-ку­пот не­ма по­вто­ру­ва­ње на ме­че­ви по пет­то­то ко­ло, но ФА ве­ли де­ка по­те­гот за нив­но ели­ми­ни­ра­ње е на­пра­вен „во свет­ло на про­ме­ни­те во ка­лен­да­рот пот­тик­на­ти од про­ши­ре­ни­те нат­пре­ва­ру­ва­ња на Европ­ска­та фуд­бал­ска уни­ја“. Н.М.