ШАХ – ИНТЕРНЕТ-СЕРИЈА НА ШАМПИОНИТЕ

Карлсен победи на првиот онлајн турнир годинава

Светскиот првак Магнус Карлсен (2.865 рејтинг-поени) победи на првиот турнир на шаховската турнеја на шампионите во 2022 година преку интернет, со забрзано темпо на игра (време за размислување 15 минути, плус 10 секунди по играч по потег), на кој настапија 16 шахисти. Во финалето, Карлсен го совлада Јан Непомнијашчи, со 4,5-2,5. По првиот ден беше 2-2, откако сите четири партии завршија со реми, но во вториот ден Карлсен славеше со 2,5-0,5. Карлсен го победи Непомнијашчи и во мечот за светската титула во декември лани, но во класичен шах, и по петти пат ја освои светската круна. Шаховската турнеја на шампионите продолжува со следниот онлајн турнир, на 19 март.


ШАХ

Од денеска во Белград втор турнир од гранпри-серијата на ФИДЕ

Белград од денеска до 14 март ќе биде домаќин на вториот турнир од шаховската гранпри-серија на Светската шаховска федерација (ФИДЕ), на која учествуваат 16 врвни велемајстори (ВМ), проследен со нокаут-фаза, полуфинале и финале со по две класични партии, плус евентуален тајбрејк. Победникот Хикару Накамура и второпласираниот Левон Аронијан од првиот турнир во Берлин нема да настапат во Белград, а неколку врвни велемајстори го почнуваат своето учество.
Како и на првиот турнир, 16 шахисти се поделени во четири групи. Третиот и последен турнир од серијата е одново во Берлин (во март). На овие турнири ќе настапат вкупно 24 ВМ, кои можат да играат само на два од трите предвидени турнири. Првите двајца од оваа серија турнири ќе бидат и последните што ќе се квалификуваат за Турнирот на кандидатите во јуни во Мадрид, на кој ќе настапат осум шахисти. Победникот на тој турнир, пак, в година ќе го предизвика светскиот шампион Магнус Карлсен.