Фото: ЕПА

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ТУР Д`ФРАНС ЗА ЖЕНИ

Триумф на Невијадома од Полска

Полската велосипедистка Катаржина Невијадома е победничка на годинашнава трка Тур д’Франс за жени, откако во генералниот пласман беше за четири секунди побрза од ланската победничка Деми Волеринг од Холандија. Волеринг победи во осмата, последна етапа на годинашната трка, откако 149,9 км, од Ле Гранд Борнанд до ски-центарот Хуез на Алпите, ги мина за четири часа, 34 минути и 14 секунди.
Невијадома беше четврта на денешната етапа, со минута и една секунда заостанување зад ланската шампионка, но тоа време беше доволно да го задржи првото место во генералниот поредок. Таа ја заврши годинашната турнеја со вкупно време од 24 часа, 36 минути и седум секунди, односно само четири секунди пред Волеринг и десет секунди пред Холанѓанката Паулиена Ројакерс.
Зелената маичка за најдобра спринтерка ја освои Холанѓанката Маријана Вос со 170 поени, додека Белгијката Жастин Гекире точкестата маица за планински пласман со вкупно освоени 46 поени. Наградата за најдобра млада велосипедистка, односно белата маица ѝ припадна на Холанѓанката Пак Питерс (22).
На денешната етапа Ројакерс заврши на второто место, со четири секунди заостанување, а Французинката Евита Музик беше трета, со минута и секунда заостанување. Г.И.


ФУДБАЛ – ИЗВЛЕЧЕНИ ДВОЈКИТЕ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Тиквеш слободен на стартот

Вчера во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше извлечена ждрепката за првата рунда од Купот на Македонија во фудбал. Бранителот на трофејот Тиквеш е слободен во првото коло, додека Вардар му гостува на Новаци, Скопје го пречекува Пелистер, Слога Виница е домаќин на шампионот Струга Трим Љум итн.
Двојки прво коло:
Победа – Гостивар, Џепчиште – Шкупи, Кожув – Арсими, Вардар, Неготино – Брера, Јени Мале – Шкендија, Слободен – Брегалница, Беласица – Македонија ЃП, Башкими – Воска Спорт, Охрид – Беса, Шкендија Арачиново – Работнички, Карбинци – Силекс, Борец – Детонит Плачковица, Слога Виница – Струга Трим Љум, Скопје – Пелистер и Новаци – Вардар.
Натпреварите се закажани за 18 септември од 15 часот. Се игра еден меч, а доколку по 90 минути резултатот е нерешен, се пристапува кон шутирање пенали. Г.И.