Лоик Мејар е најуспешен на СП 2025 со два златни и еден бронзен медал / Фото: ЕПА

Швајцарските скијачи и скијачки освоија вкупно 13 медали, од тоа по пет златни и сребрени и три бронзени, а тие и на СП 2023 во Куршевел (Франција) беа први, тогаш со ефект од по три злата и сребра и една бронза

АЛПСКО СКИЈАЊЕ

Репрезентацијата на Швајцарија и годинава е најуспешна на Светското првенство во алпско скијање, откако освои најмногу титули и вкупно медали на 48-то СП, кое вчера заврши во Залбах (Австрија). Швајцарските скијачи и скијачки освоија вкупно 13 медали, од тоа по пет златни и сребрени и три бронзени. Тие и на СП 2023 во Куршевел (Франција) беа први, тогаш со ефект од по три злата и сребра и една бронза.
Светски прваци од Швајцарија годинава станаа Фрањо фон Алмен во спуст, Марко Одермат во супервелеслалом, Камил Раст во слалом, како и Вон Алмен и Лоик Мејар во машка тимска комбинација. Поединечно, пак, најуспешен е Мејар со два златни (слалом и во комбинација) и еден бронзен медал (велеслалом), а Вон Алмен и Бризи Џонсон од САД имаат по две титули, двајцата во спуст и во тимска комбинација.
Викендов се одржаа слаломските трки, во кои светски шампиони станаа Камил Раст од Австрија во конкуренција на скијачки и Мејар во конкуренција на скијачи.
На табелата со освоени медали по Швајцарија се репрезентациите на Австрија (2-3-2), Италија (2-1-0), САД (2-0-2), Норвешка (0-1-2), Нов Зеланд (0-1-0), Чешка (0-0-1), Шведска (0-0-1) и на Германија (0-0-1).
Следното СП е во 2027 година, во Кран Монтана (Швајцарија). Н.М.


ОСВОЈУВАЧИ НА МЕДАЛИ НА СП 2025

Швајцарија 5 5 3
Австрија 2 3 2
Италија 2 1 0
САД 2 0 2
Норвешка 0 1 2
Нов Зеланд 0 1 0
Чешка 0 0 1
Шведска 0 0 1
Германија 0 0 1
колоните се златни, сребрени и бронзени медали