Чудата од деца се добро познат феномен во шахот, кој е еден од ретките спортски или интелектуални активности каде што децата можат да се натпреваруваат со возрасните на еднаков терен (другиот се компјутерските игри)

Неверојатната играчка сила, победите и освоените шаховски велемајсторски титули се појавиле уште во многу рана возраст. Сѐ почна со Кубанецот Хозе Раул Капабланка и Американецот Самуел Решевски, а денеска гледаме многу изградени велемајстори (ВМ) на возраст од тринаесет години, а во два случаја дури и со само дванаесет.

МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ СТАНУВААТ СЀ ПОМЛАДИ

Неодамна шаховско чудо од САД, Абхиманју Мишра, ја освои ВМ-титулата на дванаесет години и нешто помалку од пет месеци. Чудата од деца се добро познат феномен во шахот, кој е еден од ретките спортски или интелектуални активности каде што децата можат да се натпреваруваат со возрасните на еднаков терен (другиот се компјутерските игри).
Големиот Капабланка научил да игра шах на четири години и бил еден од најсилните играчи на Куба во раните тинејџерски години. Тој играл против својот татко Хозе Марија Капабланка Фернандез, веднаш откако ги научил потезите во 1892 година. Решевски, пак, исто така, почна да игра шах на четири години, а во шестата веќе играл симултанки, а одиграл илјадници симултанки во САД во текот на неговото детство, кога имал осум години, а на осум години играл симултанки и низ целиот свет, пишува Фредерик Фридел, а пренесува познатиот германски шаховски сајт „Чесбејс“.
Во поново време рекордот на најмлад велемајстор во историјата на шаховската игра постојано се соборува. Во 1991 година Унгарката Јудит Полгар го надмина 33-годишниот рекорд на Боби Фишер (тој стане ВМ на 15 години шест месеци и еден ден), со тоа што стана велемајстор еден месец порано отколку што беше тој. Во 1994 година нејзиниот рекорд беше соборен од Унгарецот Петер Леко, кој кратко време подоцна беше престигнат од Украинецот Руслан Пономарјов. Тој стана светски шампион на ФИДЕ на нокаут-турнирот во 2002 година. Во 2001 г., 14-годишното чудо од дете Тимур Раџабов од Азербејџан стана вториот најмлад велемајстор во историјата. Но сите овие рекорди беа соборени на 12 август 2002 година, кога Русинот Сергеј Карјакин ја исполни својата последна велемајсторска норма на возраст од 12 години и седум месеци. Неговиот рејтинг во ФИДЕ во тоа време беше 2.523 поени. Таа година Карјакин стана и еден од секундите на Пономарјов.
Едно извонредно чудо од шах потоа се приближи. Во 2004 година, Норвежанецот Магнус Карлсен, кој е девет месеци помлад од Карјакин, ги освои потребните ВМ-норми осум месеци подоцна од неговиот ривал. Карлсен, кој на 18 години тренираше извесно време и со поранешниот светски првак, Русинот Гари Каспаров, стана истовремено најмлад и највисоко рангиран играч во светот, преминувајќи ја магичната граница од 2.800 поени. По Карлсен, уште петмина помлади, успешно ги исполнија потребните ВМ-норми.
– Во 2018 година, кога последен пат ја ажуриравме листата на најмлади велемајстори, напишавме дека иако треба да бидеме претпазливи со ваквите изјави, мора да претпоставиме дека рекордите на Карјакин нема да бидат соборени. Но Индиецот Домараџу Гукеш ја освои својата последна ВМ-норма 19 дена подоцна откако тоа го стори Карјакин. Конечно, извонредното младо момче од Инглитаун стана велемајстор на 12 години, четири месеци и 25 дена, што беше 66 дена порано отколку Карјакин. Во меѓувреме, Мишра напиша книга за авантурата да стане најмладиот велемајстор во историјата на шахот. Сега дојде време да ја ажурираме нашата листа на најмлади велемајстори во историјата – вели Фредерик Фридел.

ШАХИСТКИ РЕКОРДЕРКИ

Поранешната светска шампионка, Хоу Јифан од Кина, беше подобра од Холанѓанецот Аниш Гири и Американецот Весли Со на тринаесетгодишна возраст, а двајцата шахисти стигнаа и се преселија во рејтинг-стратосферата. Унгарката Јудит Полгар беше оценета со неверојатни 2.555 рејтинг-поени на дванаесет години, а по нејзиниот неверојатен настап на Шаховската олимпијада и 2.694 поени.
Освен возраста на која станале велемајстори, нѐ интересира и прашањето колку биле силни јуниорите на различни возрасти. Гарет Кингман, кој е додипломец на универзитетот „Харвард“ и студира и регенеративна биологија, подготвил и графикон, во кој се гледа дека Карлсен е највисоко оценет шахист почнувајќи од петнаесетгодишна возраст, Гири е втор најсилен шеснаесетгодишник во историјата, а Карјакин трет. Оттогаш, Карјакин, Французинот Максим Вашер-Леграв и Американецот Фабиано Каруана се борат за второто, третото и за четвртото место меѓу најсилните 17 и 18-годишници.
Македонија на рејтинг-листата на ФИДЕ има 10 шахисти со титулата велемајстор, а предничат по годините кога ги освоиле Кирил Георгиев (на 20) и Никола Митков (на 22). Г.И.