Денес пред 75 години Блаже Конески со акламација бил избран за прв претседател на Шаховскиот сојуз на Македонија. По повод овој значаен јубилеј, Живко Поповски-Цветин, сликар и почитувач на делото на македонскиот великан, заедно со Димитар Илиевски, меѓународен шаховски мајстор, Горан Анчевски, поет и член на Друштво на писатели на Македонија, Мендо Димовски, поет и Стево Стефановски љубител на поезијата на Коневски, организираа шаховска манифестација, поетски рецитал и мироцветна изложба во дворот на редакцијата на „Нова Македонија“.
Во знак на почит и сеќавање на Конески тие испратија порака никогаш да не се забораваат македонските великани и духовни џинови, кои не задолжиле со своите светли дела.