- „Чес“ осми пат беше домаќин на шаховската програма на настанот во Бостон, годишен собир на водечки спортски директори, аналитичари и иноватори
Специјализираната шаховска интернет-страница „Чес“ се врати на Конференцијата за спортска аналитика на „МИТ Слоун“ во Бостон (САД) и беше домаќин на богата програма што ги истражуваше шахот, вештачката интелигенција и врската меѓу менталните и физичките перформанси. Годишниот собир на водечки спортски директори, аналитичари и иноватори повторно го претстави шахот на одушевена публика во конгресниот центар „Хајнс“. „Чес“ осми пат беше домаќин на шаховската програма на настанот, кој започна со панел-дискусија водена од интернационалниот мајстор (ИМ) Дени Ренш, во која учествуваа велемајсторот (ВМ) Ерик Хансен, претседателот на кошаркарските операции на клубот од НБА-лигата, Филаделфија, Дарил Мори, Мег Рисдал од „Гугл дип мајнд“ и Федерико Барберо.
Дискусијата испитуваше како шахот може да обезбеди увид во светот што сѐ повеќе го обликува натчовечката вештачка интелигенција. Подоцна, менаџерот на MИT, Џејмс Кенти, се сретна со учесниците на конференцијата во симулација, постигнувајќи импресивен резултат од седум победи од осум можни. Единствениот играч што го победи Канти беше Родни Малперт, пензиониран адвокат, кој постигна извонредна победа против коментаторот, тренер и стример.
Канти се појави и како модератор на сесија за вежбање раце и мозок. Мори и ВМ Аман Хамблтон се соочија со женскиот велемајстор (ЖВМ) Џенифер Шахаде и со Бил Чен, квантитативен аналитичар, покер-играч и дизајнер на софтвер. Партијата беше неизвесна. Мори и Хамблтон победија, одржувајќи го својот совршен резултат во форматот на „МИТ Слоун“, пишува „Чес“.
Друг популарен настан тој викенд беше „Погоди го рејтингот“. Зак Вајнер, коосновач на „Овертајм спортс“, се појави како модератор, а Мори, Хансен, Хамблтон и Шахаде се обидоа да ги проценат рејтинзите гледајќи ги шахистите додека се натпреваруваа, додека Шахаде беше на врвот. Како и во 2024 година, шах-боксот одигра голема улога на конференцијата. Програмата почна со сесија за дишење, која се фокусира на техниките што ги користат натпреварувачите за регулирање на срцевиот ритам и за закрепнување меѓу рундите. Сесијата ја водеше основачот на „Обединет шаховски бокс“, Мет Томас, кој беше и домаќин на работилница за важноста на контролирањето на физиолошката состојба и во боксот и во шахот. На Томас му се придружи Брајсон Роудс, основач и извршен директор на „Неуропластик лабс“ и раководител за невронаука во американскиот Тим во шах-бокс, кој демонстрира уред за следење биофизички податоци. Викендот се заокружи со лесна демонстрација на шаховски бокс, каде што учесниците симулираа вистински натпревари во овој спорт… Г.И.































