Треба да го заштитиме квалитетот на настаните и на спортот. Кога „историското“ е поврзано само со гледање назад, тоа е проблем. Кога „историското“ е вредност, ако сте фокусирани на развој на спортот за иднината, тоа е голема вредност, изјави претседателот на Ф1, Доменикали, кој зборуваше и за потенцијалните трки во Африка, Лондон, нови трки во Азија, САД…, пишува „Скај спорт“
Со зголемувањето на глобалната популарност на Формула 1, барањата за нови домаќин на трки се поголеми од кога било, пишува „Скај спорт“. Тековниот распоред е 24 трки и е ограничен на 25 според актуелниот договор на спортот со тимовите и со возачите. Претседателот на Ф1, Стефано Доменикали, за „Скај спорт“ зборува за иднината на спортот, за време на која ги сподели своите ставови за можните нови домаќини. Доменикали ја објасни одговорноста што ја чувствува за одржување „рамнотежа“ помеѓу заштитата на традициите на спортот и неговите историски места, заедно со искористувањето на огромните суми што се нудат за трки во нови места, пишува „Скај спорт“. Трките во Монца, Силверстон, Спа и Монако беа дел од Ф1 во поголемиот дел од историјата на спортот, при што многумина веруваат дека овие патеки треба да останат во календарот по секоја цена. Сепак, новите членови на постојано растечката база симпатизери на спортот може да имаат помала поврзаност со традиционалните места и би можеле да фаворизираат додавање нови локации.
– Денес парите се огромни, но треба да го заштитиме квалитетот на настаните и на спортот. Кога „историското“ е поврзано само со гледање назад, тоа е проблем. Кога „историското“ е вредност, ако сте фокусирани на развој на спортот за иднината, тоа е голема вредност. Тоа е наша должност – да се увериме дека, на пример, Монца е неверојатно место, но тие треба да се погрижат за идната инфраструктура, во услуги за гледачите – изјави Доменикали.
Формула 1 има трки на пет континенти. Запрашан дали се работи на трка во Африка (седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон е меѓу оние што повикаа спортот да се врати во Јужна Африка), Доменикали рече: „Сто отсто, Африка е континент на кој работиме многу напорно. Како што секогаш велев, треба да ги најдеме вистинските партнери, вистинскиот среднорочен план“.
Доменикали беше прашан и кои други делови од светот би можеле да бидат заинтересирани да бидат домаќини на трка во Ф1.
– Има голем интерес во источна Азија, уште интерес за САД, но имаме три трки, што мислам дека е вистинската бројка за следните неколку години. Најважно е дека секоја трка мора да биде различна, сакаме градот да го живее настанот, тоа е магијата на Формула 1 – рече тој.
Во Ф1 сега се одржуваат две трки во источна Азија (Јапонија и Сингапур). Од неодамна има извештаи за трка во Лондон, каде што има трка во Формула Е.
– Зошто да не? Би било одлично. Подготвени сме да разговараме за тоа бидејќи Лондон е местото каде што имаме канцеларии, па не би било лошо, лесно патување – рече тој.
Друго место заинтересирано да биде домаќин на Ф1 е од ноември кога градоначалникот на Баранкила (Колумбија), Џејми Пумарехо, зборуваше за неговата желба да биде домаќин на „Гранпри на Карибите“. За некои, аеродромот во Нортемптоншир е нивната омилена трка, за други, тоа може да биде гледање болиди што се натпреваруваат низ Лас Вегас, а некои можеби сакаат да видат Ф1 како доаѓа во нивната земја, пишува „Скај спорт“.