Секој од шесте клуба има по шест играчи, од кои две шахистки, а од светските прваци настапуваат Карлсен, Ананд, Хоу, Костењук и Жонги. Глобалната лига е првиот шаховски настан од ваков вид во живо на спортските мрежи на ТВ, кој ќе им помогне на љубителите на шахот и ќе им понуди уникатно доживување. Групацијата „Махиндра“ и ФИДЕ ќе истражуваат иновативни начини за промовирање на шахот преку интерактивни платформи, овозможени преку користење технологии од следната генерација, како што се 5Г, вештачката интелигенција и виртуелната реалност, меѓу другите

Глобалната шаховска лига е првата и најголема светска официјална лига од ваков вид со шахисти од целиот свет што се натпреваруваат во единствен заеднички тимски формат. Во лигата учествуваат и машки и женски шаховски прваци, играјќи со забрзано темпо (време за размислување 15 минути, плус 10 секунди по секој потег), а победникот ќе биде познат по плејофот помеѓу двете најдобри екипи по одигрувањето на 10 кола (двапати секој со секого).
Првпат досега шахот користи добро воспоставена фудбалска практика на потфрлање паричка за да се избере страната, во случајот на шахот се одлучува за бојата на фигурите. Уште една новина, целата екипа игра со иста боја на фигури за разлика од стандардните шаховски дисциплини, каде што двете екипи имаат еднаков број црни и бели табли, пишува Светската шаховска федерација (ФИДЕ).
Покрај тоа, Глобалната лига е првиот шаховски настан од ваков вид во живо на спортските мрежи на ТВ, кој ќе им помогне на љубителите на шахот и ќе им понуди уникатно доживување. Групацијата „Махиндра“ и Светската шаховска федерација (ФИДЕ) ќе истражуваат иновативни начини за промовирање на шахот преку интерактивни платформи, овозможени преку користење технологии од следната генерација, како што се 5Г, вештачката интелигенција и виртуелната реалност, меѓу другите.

Во Глобалната лига настапуваат Магнус Карлсен, Јан-Кшиштоф Дуда, Максим Вашер Леграв, Ричард Рапорт, Јан Непомнијашчи, Левон Аронијан, Јангји Ју, Вишванатан Ананд, Данил Дубов, Александар Гришчук, Ји Веи, Арјун Еригаиси, Лениер Домингез, Нодирбек Абдусаторов, Шахријар Мамеѓаров, Тимур Раџабов, Андреј Есипенко, Сарин Нихал, Сантош Гујрати Видит, Домарају Гукеш, Јавохир Синдаров, Рамешбабу Прагнананда, Раунак Садвани, Јифан Хоу, Јонас Бул Бјере, Александра Костењук, Тан Жонги, Катерина Лагно, Химпи Конеру, Нана Џагнидѕе, Дроновали Харика, Бела Хотенашвили, Ирина Круш, Елизабет Паетц, Нино Батсиашвили и Полина Шувалова.
Актуелниот светски шаховски првак, Кинезот Динг Лирен, не игра, а поранешниот, Норвежанецот Карлсен ги брани боите на Алпски воини. Тој досега освои 2,5 поени од пет партии, откако го победи поранешниот светски првак Ананд (2,5/4), ремизира со двократниот финалист за светски првак Непомнијашчи (2,5/5), Аронијан и со Кшиштоф-Дуда, а загуби од Вашер-Леграв.
Табела по првите пет кола: Велемајстори од Ганг девет бода (од четири натпревари), Алпски воини осум (пет), Мумба мајстори шест (пет), Титани од заливот Чингари 4,5 (пет), Тривени континентални кралеви четири (четири), Балан витези од Алјаска четири (пет). Г.И.