Фото: ЕПА

Скокот од 7,85 метри е македонски рекорд во сала, а Трајковски стана првиот Македонец што се пласирал во финале во ЕП во атлетика, пишува МОК

АТЛЕТИКА – ЕП 2025 ВО САЛА

Андреас Трајковски како единствен македонски претставник на Европското првенство (ЕП) во сала во Холандија со рекорд во квалификациите во скок во далечина оствари историски успех и се пласира во синоќешното финале, информира Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Иако беше пријавен како атлетичар со 13-ти резултат во оваа дисциплина, Трајковски со три извонредни скока се избори за место меѓу најдобрите осум натпреварувачи и обезбеди место во финалното натпреварување.
Тој имаше скокови од 7,51 метри, потоа 7,77 и 7,85 метри и го освои седмото место во квалификациите. Скокот од 7,85 метри е македонски рекорд во сала, а Трајковски со овој успех стана првиот Македонец што се пласирал во финале во европско првенство во атлетика, пишува Македонскиот олимписки комитет.
Н.М.