Повеќемина актуелни и поранешни австралиски политичари изразија незадоволство и гнев по одлуката на судот со која беше овозможено најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ да го напушти хотелот во Мелбурн, откако беше поништено укинувањето на неговата виза, пренесува „Си-ен-ен“.
– Морисон го загуби случајот против Ѓоковиќ. Тотална неспособност. Како и за се останато. Ако навистина не го сакаа, зошто тогаш му дадоа виза за да долета тука – запраша поранешниот австралиски премиер Кевин Руд преку Твитер, критикувајќи го секашниот премиер Скот Морисон.
Критики на сметка на Морисон упати и австралиската сенаторка Сара Хенсон-Јанг.
– Нивото на неспоспоност на владата на Морисон е запрепастувачко – напиша Хенсон-Јанг на Твитер.