ШАХ – СЕПТЕМВРИСКА РЕЈТИНГ-ЛИСТА
- На македонската листа и понатаму водат ВМ Евгени Романов и ЖФМ Моника Стојковска
Велемајсторот (ВМ) Прагнананда Рамешбабу се врати во топ 10 и го престигна сонародникот ВМ Арџун Еригаиси на првото место на индиската топ-листа, по победата на Големата шаховска турнеја 2026. Сент Луис (САД) имаше големо влијание врз септемвриската ФИДЕ рејтинг-листа, оти победата на „Синкфилд-купот 2026“, го врати американскиот ВМ Весли Со меѓу првите пет за првпат по четири години. Победата на „Кернс-купот 2026“ ја искачи Тан Жонгји од Кина на шестото место кај жените, додека 14-годишната Индијка ЖКМ Модипали Дикшита влезе во топ 25 со освојување на дури 297 поени за еден месец! Норвешкиот ВМ Магнус Карлсен продолжува со своето владеење во класичниот (2.823), забрзаниот (2.803) и брзиот шах (2.860), додека ВМ од САД Хикару Накамура се врати на второто место по тримесечна пауза, благодарение на неговиот сонародник Фабијано Каруана, кој изгуби неколку поени на „Синкфилд-купот“. Актуелниот светки првак, Индиецот Домарају Гукеш (2.703), падна за едно место и сега е на 32-то место.
Рејтинг-листата на ФИДЕ за жени забележа некои поместувања на врвот. Светската шампионка за жени Ју Венјун се врати на второто место откако сонародничката ВМ Леи Тинџие изгуби девет поени во Супер-лигата на Турција, главно поради поразот од ИМ од Естонија Маи Нарва. На врвот и понатаму е неприкосновена ВМ од Кина Јифан Хоу во класичниот (2.596), забрзаниот (2.529) и во брзиот шах (2.521).
На македонската листа и понатаму е прв ВМ Евгени Романов (2.560, плус 2 поена), втор е ВМ Трајко Недев (2.457, -3), а од четвртата на третата позиција се искачи ИМ Емил Ристески (2.426, +19), додека ФМ Антон Златков рипна од седмата на четвртата позиција (2.422, +33), петти е ИМ Филип Панчевски (2.422, -8). Најмногу рејтинг-поени (158) освои Димитар Симоновски (2.029), кој од 90-то се искачи на 67-то место. Кај шахистките води ЖФМ Моника Стојковска (2.080, +4), втора е ЖФМ Весна Секуловска (2.052), а трета ЖИМ Габриела Коскоска (2018, + 6).
Македонија (мажи) се искачи за едно место и сега е 55-та (2.426, + 6 поени), а на женската листа за девет места и сега е 64-та (1.958, +38) меѓу 205 држави. Кај мажите први се САД (2.725, +2), пред Индија (2.705) и Кина (2.664, +1), а кај жените води Кина (2.484), пред Индија (2.431, +14) и Украина (2.391, -1).
Топ пет, мажи: 1/1. Карлсен (2.823), 2/3. Накамура (2.792), 3./2. Каруана (2.789, -3), 4/4. Јавохир Синдаров (2.778, + 11), 6/5. Со (2.774 (+9).
Топ пет, жени: 1/1. Хоу (2.596), 2/3. Венјун (2.533), 3/2. Тинџие (2.552, -9), 4/4. Жу Џинер (2.550), 5/5. Бибисара Асубајева (2.536, -2). Г.И.






























