Фото: ЕПА

ТЕНИС – ЈУНАЈТЕД-КУП

Репрезентациите на Полска и на домаќинот Австралија се првите полуфиналисти на годинашниот тениски Јунајтед-куп, кој се игра во Перт и во Сиднеј. Во полуфиналето, Полска ја совлада Кина, а Австралија славеше на дуелот со Србија.
Полска ќе игра в сабота со победникот на денешниот дуел помеѓу Франција и Норвешка за пласман во финалето, а Австралија ќе се сретне со победникот на натпреварот Грција – Германија, кој, пак, на програмата е утре. Полска беше полуфиналист на Јунајтед-купот и минатата година.
На овој турнир се играат по два меча во поединечна конкуренција, мажи и жени, и еден дуел во мешани двојки, ако е нерешено по поединечните средби. Финалето треба да се игра в недела, во Сиднеј. Лани титулата ја освои репрезентацијата на САД. Н.М.