ШАХ – ГРАНПРИ-СЕРИЈА НА ФИДЕ, 1. КОЛО

Со реми завршија половина од шаховските партии во 1. коло на вториот турнир од гранпри-серијата за пласман на Турнирот на кандидатите за предизвикувач на светскиот првак, во Белград, со учество на 16 велемајстори. Цел поен впишаа Дмитриј Андрејкин, Видит Гујрати, Аниш Гири и Никита Витјугов. Првите двајца од првиот турнир од предвидените три, игран во Берлин, Хикару Накамура и Левон Аронијан, не играат во Белград, но ќе настапат на третиот турнир, повторно во Берлин, оти шахистите (вкупно 24) можат да настапат само на два од трите турнира. По три турнира, најдобрите двајца ќе се пласираат на Турнирот на кандидатите.
Резултати 1. коло: Група А: Етјен Бакро – Сем Шакланд реми, Александар Гришчук – Дмитри Андрејкин 0-1. Група Б: Аниш Гири – Амин Табатабаеи 1-0, Пентала Харикришна – Никита Витијугов 0-1, Група Ц: Видит Гујрати – Алексеи Широв 1-0, Ричард Рапорт – Владимир Федосеев реми. Група Д: Максим Вашер-Легрев – Александар Претке реми, Јангуи Ју – Шахријар Мамеѓаров реми.