Кина, која освои девет бода, само со едно реми во петте меча во групата А, и олимпискиот првак Узбекистан, како први во своите групи се пласираа во четврт-финалето

ШАХ – ЕКИПЕН МУНДИЈАЛ ЗА МАЖИ

Кина – Полска, Шпанија – Азербејџан, Украина – Узбекистан и Франција – Индија се четвртфиналните двојки на 13-то екипно Светско првенство (СП) во шах за мажи, кое се одржува во Ерусалим (Израел), со учество на 12 репрезентации. Екипните светски првенства се играат на секои две години, од 1985 година.
Тоа е епилогот по петтото коло во фазата по групи, во која селекциите на Холандија и на Јужна Африка од групата А и репрезентациите на Израел и на САД (кои настапуваат без Хикару Накамура и без Весли Со), во групата Б, освојувајќи ги петтите и шестите места во своите групи, се елиминирани од СП 2022.
Во групата А прва е Кина, со девет бода (15 поени по табли, со четири тимски победи и едно реми, со Франција), потоа следуваат со по шест бода Франција (11,5), Шпанија (11,5) и Украина 6 (11), Холандија има три (9,5) и Јужна Африка без бодови (1,5). Во групата Б, пак, прв е младиот состав на актуелниот олимписки шампион од годинава, Узбекистан, со седум бода (12), пред Азербејџан, исто така, со седум (11,5), а потоа со шест бода е Индија (10), по четири освоија Полска (9,5) и Израел (9,5), а САД освоија два бода (7,5). Г.И.


ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

1. Кина – Полска
2. Шпанија – Азербејџан
3. Украина – Узбекистан
4. Франција – Индија
ПОЛУФИНАЛЕ
Победник 1 – Победник 2
Победник 3 – Победник 4