ШАХ

Српскиот шаховски велемајстор (ВМ) Александар Матановиќ, еден од најдобрите шахисти во втората половина на 20 век, почина во Белград на 93-годишна возраст. Во периодот од педесеттите до осумдесеттите години на минатиот век, заедно со ВМ Светозар Глигориќ, ВМ Борислав Ивков и ВМ Милан Матуловиќ, беше член на златната генерација шахисти на поранешна Југославија (СФРЈ), која беше втора во светот по својот квалитет, веднаш зад неприкосновениот СССР.
Матановиќ е роден на 23 мај 1930 година во Белград, а набрзо по освојувањето на титулата младински шампион на Југославија во 1948 година влегува во сениорската репрезентација (1950), додека во 1955 станува ВМ. Тој беше член на олимпискиот тим на СФРЈ од 1954 до 1978 година и во овој период освои пет сребрени и четири бронзени екипни олимписки медали, како и пет индивидуални резултати на својата табла, од кои еден златен, три сребрени и еден бронзен. Тој ги бранеше боите на СФРЈ и на Шаховската олимпијада (ШО) во Скопје 1972 година, која го освои бронзениот медал. Од мај 2022 година, Матановиќ беше најстариот велемајстор во светот, информира РТС. Г.И.