Во женска конкуренција, засега најдобропласирана е Моника Жежовска, која во категоријата до 14 години е на 47-то место со 2,5 поени
ШАХ – МЛАДИНСКО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
Четири победи, три ремија и шест порази, односно освоени 5,5 поени, е епилогот на 13-те македонски претставници во петтото коло на Светското првенство (СП) за шахисти до 14, 16 и до 18 години, во Романија.
ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Емил Ристески (2.364 рејтинг-поени, рангиран на 22-то место пред почетокот на СП 2022, во категоријата до 18 години) третпат го подели поенот, овој пат со полскиот ФМ Михал Реџиш (2.244) и моментно со 3,5 поени (две победи и три ремија) е најдобропласиран македонски шахист, на 21-то место.
Кај шахистките, засега најдобар пласман има Моника Жежовска (1.658, рангирана на 33-то место, до 14 години), која третпат ремизира, овој пат со Казахстанката Данија Суеркулова (1.270) и е на 47-то место со 2,5 поени (по една победа и пораз и три ремија).
Пласман на македонските шахисти по петтото коло: Ристески на 21-то место (3,5 поени), Антон Златков на 56-то (2,5), Теодор Јовановски на 57-то (2,5), Михаил Јорданов на 78-то (2), Леонид Петрески на 79-то (2), Стојан Велкоски на 83-то (2), Дино Табаковски на 97-то (1), Кристијан Лазовски на 115-то (1,5), Андреи Калин на 127-то (1). Пласман на шахистките: Жежовска на 47-то (2,5), Михаела Зрмановска на 70-то (1,5), Инџи Ајрадиноска на 74-то (1,5), Јована Давиткова на 92-то (1).
На СП (се играат 11 кола) во мошне силна конкуренција учествуваат вкупно 620 шахист(к)и од 72 држави. Г.И.