Задоволен сум од играта на ПВК Локомотива, а нашиот играч Иван Шутовски, со 16 гола, беше прогласен за најефикасен на турнирот. Видовме убаво и допадливо ватерполо, со многу голови, плажата беше полна со публика. Гостите, кои дојдоа од Србија, а знаеме дека се велесила во овој спорт, се презадоволни, како од амбиентот така и од климатските услови што владеат тука. Добивме поддршка и од градоначалникот на Дојран дека ќе нѐ поддржи и следната година, како и тоа дека овој турнир ќе стане традиционален и со повеќе учесници од странство, вели Боро Стефановски, главен менаџер во ПВК Локомотива и инструктор по пливање и ватерполо

ВАТЕРПОЛО – МЕЃУНАРОДЕН ПИОНЕРСКИ ТУРНИР ВО ДОЈРАН

Ватерполо-клубот Ниш од Ниш (Србија) триумфира на меѓународниот турнир во пионерска конкуренција, кој по повод Денот на осамостојувањето на Македонија, 8 Септември, се одржа на плажата Калдрма на Дојранско Езеро викендов. Настапија четири екипи, од кои три од Србија, Стари град од Белград, Расина од Крушевац и Ниш, како и една од Македонија, Локомотива од Скопје.
Екипата на Ниш освои шест бода (забележа три победи), втора е Локомотива со четири бода (две победи и еден пораз), трета е Расина со два бода (една победа и два пораза), а четврти е Стари град без освоен бод. Вчера се одигра и ревијалниот натпревар на млади надежи (две екипи), на кои настапија најмладите деца (до 12 години), но во измешани состави од сите четири екипи, а беа вклучени и деца од Дојран, кои се на обука, за да го почувствуваат ватерполото. Натпреварот повеќе беше од едукативен карактер отколку натпреварувачки, па резултатот и не беше во преден план.
На турнирот, на кој настапија пионери родени во 2009 година и помлади, жителите на Дојран и на околните места имаа убава можност да видат интересни натпревари со многу голови, а што е значајно настапија и млади ватерполисти од овој крај.
– Гостите, кои дојдоа од Србија, а знаеме дека се велесила во овој спорт, се презадоволни, како од амбиентот така и од климатските услови што владеат тука. Добивме поддршка и од градоначалникот на Дојран дека ќе нѐ поддржи и следната година, како и тоа дека овој турнир ќе стане традиционален и со повеќе учесници од странство. Задоволен сум од играта на ПВК Локомотива, а нашиот играч Иван Шутовски, со 16 гола, беше прогласен за најефикасен на турнирот. Видовме убаво и допадливо ватерполо, со многу голови, плажата беше полна со публика. Судии на турнирот беа квалитетните македонски интернационалци, Небојша Стајковиќ, Ристо Дамчевски и Андреј Геогиевски, на кои немаше никакви забелешки од страна на клубовите. До крајот на месецот остануваме да работиме со тукашната пливачка школа, а потоа се враќаме во Скопје – вели Боро Стефановски, главен менаџер во ПВК Локомотива и инструктор по пливање и ватерполо.
Но она што е поважно од самиот конечен пласман на табелата е тоа што во Дојран се активираат пливањето и ватерполото, идеја што постои од поодамна. Школата по пливање и ватерполо ја посетуваат 20-25 деца. По Охрид и Струга, сега ваков турнир се одржа и во Дојран, и тоа мошне квалитетен во оваа конкуренција. Г.И.


Во ноември голем мастерс-турнир за ветерани во Скопје

На 3-4 ноември во Скопје, во базенот при СЦ „Борис Трајковски“, а во чест на Денот на ослободувањето на Скопје, ќе се одржи голем мастерс-турнир за ветерани (за играчи над 40 години) и ќе претставува втор најсилен ваков турнир по оној што традиционално се прави во Херцег Нови. Пријавени се 14-16 екипи, како од балканските земји така и од Унгарија, Чешка и други. Да потсетам дека кога се игра традиционалното европско првенство во ватерполо се игра и европско првенство за ветерани, а последното се одржа во Доха, вели Боро Стефановски, главен менаџер во ПВК Локомотива и инструктор по пливање и ватерполо.


РЕЗУЛТАТИ

Локомотива – Ниш 14-16
Расина – Стари Град 13-5
Локомотива – Стари Град 14-8
Расина – Ниш 9-14
Стари Град – Ниш 6-9
Локомотива – Расина 15-12

ТАБЕЛА
Ниш 6
Локомотива 4
Расина 2
Стари град 0