СРЕБРЕНА ЕВРОПСКА ЛИГА
Селекторот на женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија, Стефан Пауновиќ, реши да повика 20 одбојкарки на првиот собир во Струмица, пред почетокот на подготовките за настапот во Сребрената европска лига. Првата акција на сениорките летово е учеството во Сребрената европска лига, која Македонија ја отвора на домашен терен во салата „Парк“ во Струмица, како организатор на првиот турнир (30 мај-1 јуни). Собирот на репрезентацијата е закажан на 15 мај во х. „Пандев“ во Струмица.
Список: Техничарка: Ерјона Јонуз, Софија Ричлиева, Софија Пандева, Јана Балов. Коректорка/примачка: Антонија Баталаковска. Коректорка: Мери Бошковска, Андротеа Милевска. Примачка: Тамара Стојанова, Теа Терзиевска, Ана Ѓорѓиевска, Лилјана Ковачевиќ, Добрина Хаџитошева. Примачка/коректорка: Ана Фасулева. Средна блокерка: Марија Василевска, Ана Павловска, Симона Стојановска, Ива Стојковска. Либеро: Емилија Поп Јордановска, Надица Антеска, Фросина Трајковска. ГИ.