Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва загуби од Чешка со 0-3 (19-25, 23-25 и 17-25 по сетови) во Скопје, во последното коло од групната фаза на Европското првенство, со што во осминафиналето ќе се сретне со актуелниот европски и светски првак Италија во Бари.
Капитенот Никола Ѓоргиев вечерва беше најефикасен кај Македонија со 16 поени, откако се врати во составот по повреда поради која го пропушти претходниот натпревар со Холандија.
Аѕурите, до вечерашниот дуел со Германија што е во тек, забележаа четири победи без загубен сет. Македонија ќе игра против Италија в петок од 18 часот.