Од утре Џиро д`Италија по 107. пат

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Утре почнува 107-то издание на велосипедската трка Џиро д`Италија, прва годинашна грантур-трка, каде што спаѓаат и Тур де Франс и Вуелта. Актуелен победник од ланското издание на престижната трка е Словенецот Примиож Роглич, кој ќе се трка за својата четврта грантур-титула, откако освои и три трофеи на шпанска Вуелта (во 2019, 2020 и 2021 година).

Трката околу Италија се одржува од 1909 година. Најмногу победи, по пет, имаат Алфредо Бинда (Италија, победи во 1925, 1927, 1928, 1929 и 1933 година), Фаусто Копи (Италија, 1940, 1947, 1949, 1952, 1953) и Еди Меркс (Белгија, 1968, 1970, 1972, 1973, 1974).

На тринеделната трка годинава ќе учествуваат 22 тима, со вкупно 176 велосипедисти, патеката е долга 3.400,8 километри, просечната должина на една етапа е 161,9 км, а вкупната височина што треба да ја совладаат велосипедистите е 44.650 м, пишува на официјалната интернет-страница на Џиро д`Италија. Н.М.