За трката в недела е спроведена промена во регулативите, при што се задолжителни две застанувања во боксот по возач, а секој возач на трката мора да користи најмалку три различни типа гуми
ФОРМУЛА 1
Секвенцата со три трки во низа во Формула 1 (Ф1) продолжува викендов, во Монте Карло, со трката за големата награда на Монако, в недела, а „Пирели“ ги потврди гумите што ќе се користат, објави Ф1.
Италијанската компанија повторно ја избра најмеката тројка соединенија во нивната палета за да се справи со класичната патека на која има 19 свиоци, именувајќи ја новата Ц6 како мека гума, Ц5 како средна и Ц4 како тврда гума, пренесе Формула 1.
Возачите ќе добијат два комплета тврда гума (означена со бела боја), три комплети средна гума (жолта боја) и осум комплети мека гума (црвена боја), како и пристап до зелената средна гума и сината целосно влажна гума, доколку е потребно.
Како што истакнуваат од „Пирели“, за годинашната трка е спроведена важна промена во регулативите, при што се задолжителни две застанувања во боксот по возач во обид да се додаде возбуда.
Според изменетите спортски регулативи, секој возач на трката во Монте Карло мора да користи најмалку три различни типа гуми (или суви или влажни). Ако возачот не користи средни гуми или за влажно време, тој мора да користи најмалку две различни соединенија на гуми, од кои едното мора да биде од задолжителната распределба на суво соединение (тврдо или средно), пишува Формула 1.
– Како дел од оваа промена на правилата, на секој возач ќе му биде доделен дополнителен комплет за влажно време, над вообичаените две, така што правилото за две застанувања може да се примени дури и ако условите бараат употреба на гуми за екстремно влажно време. Ќе биде интересно да се види како тоа ќе влијае на тимските стратегии за трките – пишува „Пирели“, пренесе Формула 1. Н.М.