ШАХ – ТУРНИРИ НА КАНДИДАТИТЕ

Второто коло на Турнирите на кандидатите за светски шаховски првак во Пафос (Кипар) и во машка и во женска конкуренција заврши мирољубиво. На машкиот турнир можеби Убекистанецот Јавокир Синдаров имаше малку подобра позиција против Германецот Матијас Блубаум, а можеби и Индиецот Рамешбабу Прагнананда можеше малку подобро да се снајде против Кинезот Веи Ји. Холанѓанецот Аниш Гири против Американецот Фабијано Каруана одиграа типично реми, а Американецот Хикару Накамура иако беше малку во послаба позиција, до крајот немаше ништо конкретно. Во женската конкуренција имаше повеќе пропуштени шанси, при што Русинката Катерина Лагно успеа да спаси изгубена позиција, овој пат против Жу Џинер од Кина. Индијката Ваишали Рамешбабу накратко беше во послаба позиција од сонародничката Дивја Дешмух. Казахстанката Бибисара Асаубаева против Русинката Александра Горјачкина и Украинката Ана Музичук против Тан Жонгји од Кина ремизираа во еднакви позиции. Кај шахистките сѐ уште нема одлучувачка партија, па сите се израмнети со по еден поен. Кај шахистите, Синдаров, Каруана и Рамешбабу имаат по 1,5 поен, Веи и Блубаум по еден, Гири, Накамура и Есипенко по половина поен. Г.И.