СП 2025 ЗА СЛЕПИ И ЗА СЛАБОВИДНИ ШАХИСТИ

Единствениот македонски претставник и голема шаховска надеж на Светското сениорско првенство (СП) за слепи и за слабовидни шахисти (ИБЦА), 16-годишниот Стефан Мелник (1.979 рејтинг-поени, 39-ти пред почетокот на СП), по шестото коло е на 40-то место со 2,5 поена (една победа, три ремија и два пораза). Во шестото коло, Мелник со бели фигури го подели поенот со Хрватот Мирослав Маџериќ (1.719, рангиран 47.). На три кола до крајот на СП 2025 во водство е Шпанецот Даниел Едуардо Пулвет Марин (2.483, рангиран втор пред почетокот на СП) со 5,5 поени, втор е првиот фаворит и единствен велемајстор (ВМ) на ова СП, Полјакот Марчин Тазбир (2.529, рангиран прв) со пет поени, трет е интернационалниот мајстор (ИМ) од Црна Гора, Предраг Никац (2.241, рангиран петти) со 4,5 поени… На СП 2025 во полскиот град Жежов учествуваат вкупно 58 шахисти (еден ВМ, четири ИМ и два КМ) од 22 држави од целиот свет. Г.И.