Фото: Пиксабеј

ТЕНИС – ДЕЈВИС-КУП, ТРЕТА ЕВРОПСКА ЗОНА

Македонската тениска репрезентација во првото коло од Дејвис-купот, Третата европска зона, во Скопје, почна со максимална победа од 3-0 против Малта. Македонија поведе со 1-0, а поенот го извојува Берк Бугариќ, кој по 110 минути го совлада Лиам Деликата со 7-6, 6-2, во вториот поединечен дуел Стефан Мицов по 150 минути игра го победи Алекс де Габриеле со 4-6, 6-0, 7-6, а во двојки Бугариќ и Амар Хусеиновиќ ги совладаа Деликата и Страхиња Ѓукиќ со 6-4, 7-6.

Други мечеви од првото коло на Третата европска зона: Молдавија – Ерменија 3-0 и Летонија – Црна Гора 2-1. Најдобрите три селекции од турнирот во Скопје в година ќе играат во Втората светска група, а последнопласираните две репрезентации ќе настапат во Четвртата зона на Дејвис-купот. Вчера во второто коло требаше да играат Македонија – Црна Гора, Молдавија – Малта и Летонија – Ерменија. Почетокот на натпреварите е во 10.30 часот, а влезот на терените на ТК Југ е слободен. Г.И.