Во категоријата над 65 години екипата на Македонија, која ја сочинуваат членови на ШК на ветерани Скопје 72, ја совлада фаворизираната Италија со 2,5-1,5

ШАХ – СП ЗА ВЕТЕРАНИ ВО СТРУГА

Екипата на Македонија Алкалоид (2.436, рангирана четврта пред СП), за која играат искусни шахисти на македонскиот првак Алкалоид, оствари очекувана максимална победа од 4-0 над екипата на САД пет браќа (2.067, рангирани 15-ти), во првото коло на Светското првенство (СП) за ветерани над 50 години, кое се игра во Струга, во девет кола. Во категоријата над 65 години екипата на Македонија (2.003, рангирана 18-та), која ја сочинуваат членови на ШК на ветерани Скопје 72, ја совлада фаворизираната Италија (2.289, рангирана петта) со 2,5-1,5.
Другите две македонски екипи, во категоријата над 50 години, забележаа порази, Македонија слепи и слабовидни шахисти (1.818, рангирана 20-та) со 0-4 од Словачка (2.261, рангирана девета), a женската екипа на Македонија (1.313, рангирана 22.) со 0,5-3,5 од Австрија (2.122, рангирана 12-та). Кај жените само на првата табла Маре Крстевска (1.598) ремизира со ФМ Адолф Денк (2.186).
Фаворитите за врвот забележаа победи, а поединечни изненадувања приредија Русел Гранaт (2.165) од Англија 3, кој ремизира сo сонародникот и прворангиран над 50 години Мајкл Адамс (2.662) од Англија 1, потоа Австриецот Ханс Синер (2.144), кој ремизира со познатиот англиски ВМ Џон Нан (2.569, рангиран прв) над 65 години, Американецот, ФМ Виктор Плоткин (2.193) го подели поенот со Канаѓанецот Александар Шабалов (2.465), како и Македонецот Илиќ, кој го совлада Гарсија, кој имаше речиси 400 поени поголем рејтинг. Од женските екипи, Кина Жен Шен со 3-1 ја победи машката екипа на Финска во категоријата над 50 години, a преостанатите четири женски екипи загубија.
На СП 2023 се пријавени вкупно 48 екипи од 26 држави, односно 22 тима во категорија над 50 и 26 екипи над 65 години или вкупно 231 играч. Г.И

Македонија Алкалоид – САД пет браќа 4-0

ВМ Трајко Недев (2.465) – Кришан Џаншнивала (2.290) 1-0
ВМ Влатко Богдановски (2.385) – Рамеш Џаншнивала (2.088) 1-0
ВМ Звонко Станојоски (2.351) – Нареш Џаншнивала (2.039) 1-0
ВМ Роландо Кутиров (2.274) – Суреш Џаншнивала (1.850) 1-0

Македонија – Италија 2,5-1,5
ФМ Љубомир Илиќ (2.044) – Палермо Гарсија (2.410) реми
ФМ Александар Кралевски (2.054) – Роберто Меса (2.289) 1-0
Илија Стошевски (1.968) – Марио Кокоза (2.226) 1-0
ФМ Љубомир Хаџи-Манев (1.865) – Франко Трабатони (2.232) 0-1