Фото: Твитер/НФЛ

Лос Анџелес рамс на домашен терен го победи Синсинати бенгалс со 23-20 (7-3, 6-7, 3-10 и 7-0) во финалето на НФЛ-лигата во американски фудбал одиграно ноќеска пред 70 илјади гледачи. Купер Кап од Лос Анџелес беше прогласен за најкорисен играч на натпреварот.

За Лос Анџелес ова е втор трофеј во популарниот Супербоул, откако претходно беа најдобри во 1999 година. Синсинати го загуби своето трето финале.

Ова беше првиот Супербоул во последните две години на кој беше дозволен максималниот можен број навивачи, бидејќи претходната сезона имаше ограничено присуство поради пандемијата.


Еминем клекна против полициската бруталност и расната нееднаквост

Фото: Твитер/НФЛ

Еминем клекна на сцената на неговиот настап на полувремето на Супербоулот во Инглвуд, Калифорнија. Овој чин беше всушност протест против полициската бруталност и расната нееднаквост во САД.

Западните медиуми пренесуваат дека Еминем поради тој потег влегол во конфликт со американската НФЛ, што многумина ги потсети на потегот на Колин Кеперник од пред неколку години. Но, официјалните лица на Лигата негираа дека имале какви било судири со Еминем пред или по неговиот настап.

Одговорните изјавија за „Њујорк пост“ дека спортистите на Суперболот клекнуваат од 2016 година без никакви санкции и дека различни правила не важат за музичарите.

На полувремето од финалето на американското рагби, меѓу другите, настапи и Д-р Дре, кој наводно, „се чувствувал одвратно цензуриран“, бидејќи НФЛ „имала проблеми со некои негови стихови“.