Двата турнира за предизвикувачи на светските прваци Динг Лирен и Ју Венјун треба да се играат во април, во Торонто (Канада)
ШАХ
Во декември главно се играше Светското првенство во забрзан и во брз шах, па на ранг-листата на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) имаше мали промени на врвот. Фабиано Каруана, кој имаше одлична серија во 2023 година, се врати на рејтинг поголем од 2.800 поени, по одличниот настап на Купот Синкфилд во 2023 година, а меѓу првите 10 се проби Лениер Домингез Перез, кој, исто така, одлично играше во Сент Луис, пишува Светската шаховска федерација.
Алиреза Фирузја ја зачува шестата позиција на рејтинг-листата и се пласира на годинашниот Турнир на кандидатите за предизвикувач на светскиот првак преку ранг-листата, како и Хампи Конеру, за Турнирот на кандидатките за предизвикувачка на светската првенка, пишува ФИДЕ.
Светски првак е Динг Лирен, а досега право на настап на Турнирот на кандидатите обезбедија и Јан Непомнијачи, Прагнанандаа, Магнус Карлсен, Фабијано Каруана, Видит Гуџрати, Хикару Накамура и Гукеш. Неизвесен е настапот на Карлсен.
На турнирот на кандидатките за предизвикувачка на светската првенка Ју Венјун се пласираа и Леи Тингџие, Катерина Лагно, Александра Горјачкина, Нурѓул Салимова, Ана Музичук, Р Ваишали и Тан Жонгји. Двата турнира треба да се играат во април, во Торонто (Канада). Н.М.