АТЛЕТИКА – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Фред Керли ја освои својата прва индивидуална светска титула, откако победи во трката на 100 метри на Светското првенство (СП) во Јуџин (САД) и ја водеше американската вкупна (т.н. 1-2-3) победа во таа дисциплина. Керли лани го освои олимпиското сребро, а сега победи со време 9,86 секунди, пред Марвин Брејси и Трејвон Бромел.

Ова е првпат некоја земја да ги освои сите три медали на СП на 100 метри, по, исто така, САД во 1991 година. Тогаш медалите ги освоија Карл Луис, Лерој Барел и Денис Мичел, а Луис го предводеше претходниот таков настан, заедно со Калвин Смит и со Емит Кинг, во Хелсинки на СП 1983.
– Неверојатно е да се биде меѓу великаните. Тие го направија тоа во 1991 година, ние во 2022 година. Ова е историја, да се биде дел од нешто што се случило само трипати, ми значи многу – изјави Керли.

Керли е поранешен тркач на 400 метри, а на пократката спринтерска дистанца се натпреварува од 2021 година, освојувајќи претходно бронза на 400 м и злато во штафетата 4х400 м, на СП 2019. Неговиот настап на Летните олимписки игри во Токио беше негово деби на 100 метри, а помалку од една година подоцна тој е светски шампион.