Кениецот Чебет ја одбрани титулата

АТЛЕТИКА – МАРАТОН ВО БОСТОН

Кениските атлетичари повторно беа најуспешни на познатиот маратон во Бостон (САД). Еванс Чебет втора година во низа poмина прв низ целта, а триумфот го постигна со време од два часа, пет минути и 54 секунди. Ова е првпат од 2008 година некој да забележи втора последователна победа. Претходно тоа го направи Кениецот Роберт Кипкоеч Чериот.
Второто место му припадна на Габриел Геј од Танзанија, со време од 2:06,04 часа, а трет беше Кениецот Бенсон Кипруто со време од 2:06,06 часа. Двократниот последователен олимписки шампион и светски рекордер во маратон, Кениецот Елиуд Кипчоге, своето прво учество на овој маратон го заврши на шестото место.
Во женска конкуренција најбрза беше актуелната олимписка вицешампионка Хелен Обири од Кенија. Маратонот го истрча за 2:21,38 часа, второто место ѝ припадна на Етиопјанката Амана Берисо со заостанување од 12 секунди, а трета е Израелката Лона Салпетер со време од 2:21,57 часа. Г.И.