Фото: ЕПА

На турнирот има десет врвни шахисти, кои прво играат забрзан шах, по што ќе следува двоен круг со брзо темпо

„ЗАГРЕБ 2025“, ТРЕТ ТУРНИР ОД ГОЛЕМА ШАХОВСКА ТУРНЕЈА

Актуелниот светски првак, Индиецот Домарају Гукеш, и шахистот број еден според рејтингот во светот, Норвежанецот Магнус Карлсен, ќе се сретнат повторно на третиот турнир „Хрватска 2025“ во забрзан и во брз шах во Загреб, како дел од големата шаховска турнеја за годинава. Тие првиот ден од предвидените три во забрзан шах се во водство со по четири поени од шест можни, заедно со Американецот Весли Со и со Полјакот Јан Криштоф Дуда.
На првиот турнир во забрзан и во брз шах турнир во Полска имаше само петмина од редовните учесници на турнејата, победи Русинот Владимир Федосеев, а на вториот, во класичен шах, славеше Индиецот Прагнананда Рамешбабу. Во Загреб играат седуммина од 17-те учесници на турнејата, кои мора да одиграат по два од трите забрзани и брзи турнири и два класични, пишува „Чес“. Има уште два дена и шест кола во забрзан шах, по што ќе следуваат уште два дена со вкупно 18 партии со брзо темпо. На турнирот има 10 врвни шахисти, кои прво играат забрзан шах (25 минути плус 10 секунди по секој потег), по што ќе следува двоен круг со брзо темпо (пет минути плус две секунди). Наградниот фонд на турнирот е 175.000 долари, од кои 40.000 се за победникот. По два одиграни турнира, води Французинот Вашер Леграв со 20 бода, пред Рамешбабу со 18 и Алиреза Фирузја со 16.
Табела по три колa во Загреб: Карлсен, Дуда, Со и Гукеш по четири, Шариќ и Гири по три, Каруана, Абдусаторов, Фирузја и Рамешбабу по два. Г.И.