Фото: Пиксабеј

ТЕНИС – ДЕЈВИС-КУП

Актуелниот победник на тенискиот Дејвис-куп, репрезентацијата на Италија, ќе игра со Австрија во четврт-финалето во ноември годинава, реши ждрепката влечена во Болоња, каде што ќе се игра турнирот со осум репрезентации. Победникот на таа средба во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Франција – Белгија, а другите четвртфинални двојки се Шпанија – Чешка и Германија – Аргентина. Турнирот е на програмата од 18 до 23 ноември.

Од годинашните четвртфиналисти, Франција има 10 титули, Шпанија шест, Италија, Германија и Чешка по три и Аргентина една. Во натпреварувањето што се игра од 1900 година најтрофејна е селекцијата на САД, со 32 титули. Италија славеше во претходните две години во Дејвис-купот (лани во финалето играше со Холандија, а во 2023 година со Австралија). Н.М.