Годинава се очекуваат околу 700 исполнети норми за ЛОИ, откривање на патеката за штафета на олимпискиот факел, купување на првите билети, треба да биде објавен дизајнот на медалите и на олимпискиот факел, ќе има многу квалификациски натпревари, тест-настани…
Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз треба да се одржат в година, но во реалноста тие веќе почнаа, откако во 2023 година ќе има голем број настани, квалификации и важни случувања, објави Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Годинава околу 700 норми за ЛОИ во Париз ќе бидат доделени во речиси сите олимписки спортови и на спортисти од сите континенти, ќе има и тест-настани, откривање на патеката за штафета на олимпискиот факел и многу повеќе, пишува ИОК.
Во јануари, на пример, се пријавувањата и ждрепката за билети за ЛОИ, а, на пример, победникот на Светското првенство во ракомет за мажи ќе се пласира на Игрите во Париз. Во февруари луѓето што се регистрирале помеѓу 1 декември и 31 јануари ќе добијат е-пошта со резултатот од ждрепката и, доколку бидат избрани, ќе можат да ги креираат своите пакети влезници, во март ќе бидат одбележани 500 дена до ЛОИ и ќе се заврши пријавувањето за волонтери на Игрите, во мај почнува продажбата на единечни билети за избраните во извлекувањето, во јуни се Олимпискиот ден и Европските игри, во јули на програмата се многу спортски настани, квалификациски за ЛОИ, до август се очекуваат над 200 норми да бидат исполнети за настап во Париз, во септември се Азиските игри, во октомври се Панамериканските игри…, а ќе има уште повеќе настани што ќе бидат потврдени во 2023 година, како што се откривањето на патеката каде што ќе поминува штафета на олимпискиот факел на патот кон Париз, дизајнот на медалите и на олимпискиот факел…, пишува, меѓу другото, ИОК.